УТРО.мк

30 дена притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за примање поткуп

30 дена притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за примање поткуп
Vero

Основниот кривичен суд Скопје експресно го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, В.А.

Како што информираат од обвинителството, притворот е определен по три основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Според досегашните сознанија од истрагата, осомничениот во текот на месецов, во својство на службено лице, барал значителна имотна корист со цел да влијае врз службени постапки поврзани со увоз на стока. Тој наводно вршел притисок врз други службени лица да го спречат увозот за одредена фирма, иако претходно стоката редовно се увезувала.

Како причина за блокадата било наведено дека стоката не ги исполнува законските услови, поради што таа со денови била задржана на граничен премин.

Откако увозникот побарал дополнителни појаснувања, осомничениот, според истрагата, побарал поткуп во износ од 50.000 евра како прва рата, со договор остатокот да биде исплатен за идни увози.

Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, по што веднаш интервенирала полицијата и го лишила осомничениот од слобода.

Од Обвинителството посочуваат дека постојат доволно околности кои го оправдуваат притворот, додека истрагата продолжува и се разгледува можноста за поширока вмешаност во случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран