
Во Чешка, групата Earthquake Faction објави дека во петок го запалила објектот на израелската воена компанија Elbit Systems во Пардубице. Во соопштението, групата наведува дека нападот бил насочен кон „епицентарот на израелската воена индустрија во Европа“, каде компанијата во соработка со локалната фирма LPP изгради „Центар за извонредност“ за поддршка на глобалното проширување на производството на оружје.
Earthquake Faction се опишува како „интернационална подземна мрежа која цели клучни локации важни за ционистичкиот ентитет“ и тврди дека со акцијата уништила опрема и го запалила објектот, без да има повредени лица, пренесува агенцијата Anadolu.
Групата во соопштението истакнува дека целта е да се реагира на дејствата на Израел во окупираните територии на Палестина и пошироко во Западна Азија. Тие посочуваат дека оружјето развиено од Elbit Systems најпрво „се тестира“ на Палестинците пред да се продава на други држави, со што, според нив, се шири „империја изградена врз уништување на Палестина“.
Во соопштението се додава дека групата ќе продолжи со акции против сите локации поврзани со Elbit Systems и соработниците, без да чека интервенција или одобрение од меѓународните влади, со цел да се „запрат нивните капацитети за убивање“.
JUST INA Czech facility tied to Israeli defense firm Elbit Systems has been set ablaze.pic.twitter.com/5Zg5AcQVKT— Open Source Intel (@Osint613)March 20, 2026























