
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа итна прес-конференција за да ги информира граѓаните за текот на конфликтот со Иран, кој продолжува да ескалира. Во своето обраќање, тој ја истакна храброста на израелските граѓани и ја изрази гордоста за нивната упорност.
„Свесен сум дека престојот во безбедни соби и засолништа е тежок, но целиот свет разбира дека ние сме нација на лавови“, рече Нетанјаху.
Премиерот го објасни стратешкиот фокус на Израел во воените операции, наведувајќи три клучни цели: целосно уништување на нуклеарната програма на Иран, елиминирање на балистичката програма и создавање услови што ќе им овозможат на самите Иранци да ја земат својата судбина во свои раце.
„Ја уништивме нивната способност за збогатување ураниум и за производство на балистички ракети. Иран е послаб од кога било, а Израел е посилен“, додаде тој, истакнувајќи дека иранските капацитети се уништени до степен што не можат да ги реализираат своите планови.
Нетанјаху потсети дека Иран планирал напади врз илјадници објекти во Израел, но дека тие удари сега се одвиваат низ Либан и Иран.























