УТРО.мк

Христијанските храмови во Израел затворени за Велигден поради безбедносни причини

Христијанските храмови во Израел затворени за Велигден поради безбедносни причини
Vero

Властите во Израел донесоа одлука за затворање на христијанските светилишта во пресрет на Велигден, повикувајќи се на зголемени безбедносни ризици поврзани со актуелниот конфликт со Иран.

Меѓу затворените објекти е и Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, едно од најзначајните христијански светилишта, каде традиционално се одржуваат велигденските богослужби. Со оваа одлука, верниците нема да можат да присуствуваат на службите за време на најголемиот христијански празник.

Интересно е што, и покрај истите безбедносни услови, синагогите низ Израел продолжуваат да функционираат без ограничувања.

Според достапните информации, ова е редок случај во историјата – се наведува дека местото на Христовото воскресение во Ерусалим не било затворено во ваков обем во изминатите два милениуми, ниту за време на крстоносните војни или светските конфликти. Сепак, пристапот на верниците бил делумно ограничен за време на пандемијата со КОВИД-19.

Поранешниот чувар на Светата земја, отец Ибрахим Фалтас, упати апел до израелските власти да дозволат отворање на храмовите барем за време на Страсната недела, нагласувајќи ја духовната важност на овој период за христијаните ширум светот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран