УТРО.мк

Меѓународната енергетска агенција советува: Работете од дома, возете побавно и гответе помалку

Меѓународната енергетска агенција советува: Работете од дома, возете побавно и гответе помалку
Vero

Меѓународната енергетска агенција (IEA) предупредува дека светот се соочува со енергетска криза без преседан поради конфликтот во Арапскиот залив, кој доведе до најголем пореметување на снабдувањето со нафта во историјата. Прометот низ Хормушкиот теснец, кој секојдневно носи околу 20 милиони барели сурова нафта и нафтени деривати, значително е намален, што предизвика раст на цените на нафтата над 100 долари за барел, како и пораст на дизел, авионско гориво и течен нафтен гас.

IEA истакнува дека иако членките веќе ослободиле 400 милиони барели нафта од стратегиските резерви – најголемо ослободување досега – тоа нема да биде доволно за да се надомести нарушувањето на снабдувањето.

Агенцијата нагласува дека за намалување на притисокот врз потрошувачите клучни се мерките на страната на побарувачката, особено во транспортот, кој учествува со околу 45% од глобалната потрошувачка на нафта. Меѓу препораките се поттикнување работа од дома, поголемо користење на јавен превоз, споделување автомобили, воведување системи за наизменично користење на возилата според регистарските ознаки, како и намалување на брзината на автопатиштата за околу 10% за помала потрошувачка на гориво. Во воздушниот сообраќај се советува избегнување на летови кога постојат алтернативни опции за транспорт.

Во домашниот сектор, IEA препорачува намалено користење на гас, особено за готвење, и премин на електрична енергија каде е можно. Слични мерки се предложени и за индустријата, со поголема флексибилност во користење на енергетските ресурси.

Извршниот директор на IEA, Фатих Биол, предупреди дека последиците можат да бидат сериозни ако не се реагира веднаш. Тој посочи дека конфликтот создава голема енергетска криза и дека агенцијата е во постојан контакт со владите за зачувување на стабилноста на пазарите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран