
Извор: Дневник.хр
Во неделата на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон и Техеран воделе преговори со цел да го деескалираат растечкиот конфликт на Блискиот исток. Во постот тој истакна дека разговорите биле „многу добри и продуктивни“, што го навело да ја одложи предвидената воена акција против иранската енергетска мрежа.
Трамп, кој претходно и’ постави на Иран ултиматум за 48 часа да се повлече од „непријателствата“, сега соопшти дека ги стопира планираните удари врз електраните и другите клучни енергетски објекти за период од пет дена. Како што наведе, одлуката зависи од текот и резултатите од продолжените дискусии што ќе се одвиваат во следните денови.
„Со големо задоволство можам да известам дека Соединетите Американски Држави и Иран во последните два дена водеа сериозни и конструктивни разговори со цел да се најде целосно решение на нашите разлики на Блискиот исток“, напиша Трамп, порачувајќи дека Министерството за одбрана е инструирано да одложи какви било воени акции додека преговорите се во тек.
Од Техеран, иранските медиуми објавија дека Трамп се повлекол од заканите за напад врз енергетските постројки, откако, како што тврдат, Техеран упатил „цврсти предупредувања“. Иранското амбасадорство во Кабул, преку социјалните мрежи, соопшти дека Вашингтон ја преиначил својата одлука по ирански закани дека ќе бидат погодени енергетските објекти низ целиот регион.























