УТРО.мк

Отстранети 45 кубни метри отпад од две диви депонии во Скопје

Отстранети 45 кубни метри отпад од две диви депонии во Скопје
Vero

ЈП Комунална хигиена – Скопје деновиве изврши две големи интервенции за отстранување на диви депонии во Скопје, целосно трансформирајќи две проблематични точки во градот.

Првата акција се одвиваше на булеварот Никола Карев, на крстосницата со Максут Садик, веднаш покрај детското игралиште – место што долго време беше познато како „црна точка“ за неконтролирано одлагање отпад. Екипите на хигиената подигнаа околу 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, по што просторот беше темелно измит со автоцистерна, оставајќи го чист и безбедно за жителите и децата кои играат во близина.

Во Старата скопска чаршија, пак, акцијата се концентрираше околу Куршумли ан, каде што беа подигнати 20 кубни метри отпад, вклучувајќи мешан комунален, градинарски и кабаст материјал. Локацијата, како дел од националното културно наследство, беше сериозно загрозена од неправилното одлагање отпад.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран