УТРО.мк

Одбиено барањето за домашен притвор на Илир Мета

Одбиено барањето за домашен притвор на Илир Мета
Vero

Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува зад решетки, откако Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал одби да му го одреди домашниот притвор. Одбраната на Мета понуди кауција од неверојатни 50 милиони леки, над 50.000 евра, како услов за итно ослободување, но судот не ја прифати оваа опција.

Мета, кој денес го слави својот 57-ми роденден, не се појави на рочиштето. Неговиот адвокат, Кујтим Чакрани, изјави дека поранешниот претседател ја изгубил довербата во судскиот систем и инсистира на директно соочување за суштината на обвиненијата. Чакрани додаде дека правната битка ќе продолжи пред Уставниот суд.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран