
Денес пред Специјалниот суд во Белград, К.К., момчето што во мај 2023 година изврши едно од најтешките училишни масакри во Србија, треба повторно да застане пред судот како сведок во повторената постапка против своите родители. Прво ќе одговара на прашања од судијата, а потоа обвинителите, бранителите на обвинетите и адвокатите на семејствата на жртвите ќе имаат можност да го прашаат за настаните што ја потресоа јавноста.
Тоа ќе биде повторно соочување со судот, првпат сведочеше во октомври 2024 година, кога со амбулантно возило и силна полициска придружба беше донесен во судницата. Дури денеска ќе го види и своето семејство по долго време: неговиот татко цело време е зад решетки, додека мајката има судско забрана да му се приближува или да комуницира со него.
Иако К.К. е сторител на едно од најтешките злосторства во современата српска историја, во оваа постапка тој го има и статусот на жртва: обвинителството го прошири обвинението и против неговите родители, Владимир и Миљана Кецмановиќ, за занемарување и злоупотреба на малолетно лице – поради нивната улога во подготовките на момчето пред да започне трагедијата.
Во првостепената пресуда, Владимир Кецмановиќ беше осуден на 14 и пол години затвор, додека на неговата сопруга ѝ беше изречена казна од три години. Апелациониот суд го потврди укинувањето на обвинението за нелегално поседување оружје против Миљана, а во однос на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб „Партизан“ каде таткото го носел синот на тренинзи, ја измени пресудата и го осуди на една година домашен притвор за лажно сведочење.
Претседателот на стрелачкиот клуб, Ратко Ивановиќ, призна вина по договор со Вишото јавно обвинителство и доби пет месеци домашен притвор.
Судијата нагласи дека таткото во најмалку четири наврати го учел својот син како да ракува со воздушно и со огнено оружје самостојно, но и со учество на стручно лице, вклучувајќи техники за полнење, држење и пукање. Оружјето што го поседувал, а со кое беше извршено злосторството, биле чувани во обични куфери, а не на безбедно место за чување огнено оружје.
Бидејќи имал помалку од 14 години кога се случи масакрот, судот го прогласи за кривично неодговорен, но токму неговото сведочење денеска е клучно за разврска на случајот против неговите родители.























