УТРО.мк

Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува – одлични услови за љубителите на зимските спортови

Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува – одлични услови за љубителите на зимските спортови
Vero

Скијачката сезона во Попова Шапка продолжува со полн интензитет, информираат од ски-центарот, нагласувајќи дека условите за скијање се одлични.

Патеките се добро подготвени, а ски-лифтовите функционираат редовно, овозможувајќи им на посетителите безбедно и квалитетно уживање во зимските спортови. Центарот работи секој ден и нуди идеални услови како за рекреативци, така и за поискусни скијачи.

Од раководството упатуваат покана до сите љубители на зимската магија да ја посетат Попова Шапка и да уживаат во снежната атмосфера и природните убавини што ги нуди оваа планинска дестинација.

„Добредојдени се сите посетители кои сакаат да го почувствуваат вистинскиот дух на зимата“, порачуваат од ски-центарот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран