УТРО.мк

Апел до граѓаните на Тетово: Пријавувајте дефекти преку „TE KLIK“

Апел до граѓаните на Тетово: Пријавувајте дефекти  преку „TE KLIK“
Vero

Општинските власти упатија апел до граѓаните на Тетово да помогнат во подобрување на јавното осветлување преку навремено пријавување на дефекти.

Доколку граѓаните забележат населби или улици каде што не функционира јавното осветлување, се повикуваат тоа да го пријават преку апликацијата „TE KLIK“, во делот I-REPORT.

Апликацијата е достапна за користење на iOS и Android уредите, што овозможува брза и едноставна комуникација со надлежните служби.

Од Општината посочуваат дека ваквите пријави се од големо значење за навремено детектирање и решавање на проблемите на терен, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.

Надлежните апелираат на соработка од сите жители, нагласувајќи дека секоја пријава придонесува за поефикасно функционирање на јавните услуги.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран