УТРО.мк

Во Тетово уапсени пет лица од кои четири се малолетници – МВР со детали

Во Тетово уапсени пет лица од кои четири се малолетници – МВР со детали
Vero

Лишени од слобода пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.

МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.

СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор.


Ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран