УТРО.мк

Костадиноски: Во тек изградба на нова пешачка патека до Ратае

Костадиноски: Во тек изградба на нова пешачка патека до Ратае
Vero

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, информира дека во моментов се реализира значаен инфраструктурен проект – изградба на нова пешачка патека во должина од еден километар која води до населеното место Ратае.

Според него, патеката ќе биде современо уредена и опремена со канделабри за ноќно осветлување, како и со клупи за одмор и рекреација, со што ќе се овозможи безбедно и пријатно движење за граѓаните.

„Со оваа инвестиција создаваме услови за поголема безбедност, но и за активно користење на просторот за спорт и релаксација на жителите и посетителите“, посочи Костадиноски.

Тој додаде дека градежните активности се одвиваат со засилено темпо и се очекува патеката да биде целосно завршена во наредните денови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран