УТРО.мк

Минчев: Европската иднина на Македонија оди рака под рака со зачувување на националната историја и културно наследство

Минчев: Европската иднина на Македонија оди рака под рака со зачувување на националната историја и културно наследство
Vero

Во Брисел се одржа 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација, на кој Република Македонија ја презентираше постигнатата динамика и резултати во клучните сфери на реформата. Темите опфатија стратегиската рамка на реформата, патоказот за јавната администрација, управувањето со јавни финансии, човечките ресурси, развојот на политики и координацијата, како и подобрувањето на услугите и транспарентноста на институциите.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето воведно обраќање истакна дека реформата на јавната администрација е столб на европската интеграција и клучен фактор за зајакнување на институциите во земјата.

„Нашата цел е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги кои навистина одговараат на потребите на граѓаните и бизнисите“, нагласи Минчев, потенцирајќи дека реформските активности се поткрепени со извештаите на Европската комисија и оценките на SIGMA, кои обезбедуваат вредни насоки за понатамошно дејствување.

Според министерот, извештајот на Европската комисија за 2025 година го потврдува видливиот и мерлив напредок во јавната администрација. „Македонија се движи напред. Нашите резултати се конкретни, а посветеноста на реформата е јасно видлива“, рече тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран