УТРО.мк

Кипар воведува пакет мерки за домаќинствата и стопанството вреден над 200 милиони евра

Кипар воведува пакет мерки за домаќинствата и стопанството вреден над 200 милиони евра
Vero

Во обид да го ублажи притисокот врз граѓаните и да ја зајакне економската активност, претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, излезе со сеопфатен пакет мерки што директно ги таргетираат трошоците за живот и поддршката на клучните сектори. Во своето обраќање до јавноста, тој ја подвлече врската меѓу економската стабилност и националната безбедност, нагласувајќи дека токму силната економија ѝ овозможува на државата навремено да реагира во услови на неизвесност.

Новите политики носат конкретни олеснувања: електричната енергија за домаќинствата ќе се оданочува со намалена стапка на ДДВ од 5% во периодот од мај годинава до крајот на март 2027. Паралелно, горивата ќе добијат привремено даночно олеснување, со намалување на акцизата за нешто повеќе од осум центи по литар во текот на април и јуни, додека најавениот „зелен“ данок, кој би значел дополнително поскапување, воопшто нема да се воведе.

Во насока на намалување на ценовниот товар врз граѓаните, владата оди чекор понатаму: месото и рибата ќе бидат целосно ослободени од ДДВ во период од шест месеци, приклучувајќи се на листата производи како овошјето и зеленчукот кои веќе уживаат нулта стапка.

Мерките не застануваат тука. Туристичкиот сектор, како една од столбовите на кипарската економија, ќе добие директна поддршка преку субвенционирање на 30% од платите за вработените во угостителството, под услов објектите да работат континуирано во април. Во исто време, државата планира дополнителна финансиска инјекција за авиокомпаниите, со цел да се зачува и унапреди воздушната поврзаност со маанските туристички пазари.

Поддршка е предвидена и за земјоделците, кои ќе добијат делумно покривање на трошоците за ѓубрива и други неопходни материјали, во висина од 15% за пролетните месеци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран