УТРО.мк

Славески: Довербата во денарот останува стабилна, депозитите растат

Славески: Довербата во денарот останува стабилна, депозитите растат
Vero

Стабилноста на денарот и довербата на граѓаните во домашниот банкарски систем остануваат силни, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во разговор за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„Секое краткотрајно потресување предизвикано од неизвесност се надминува брзо, а депозитите дури бележат раст. Ова јасно ја покажува довербата на граѓаните во нашите банки“, истакна Славески. Според него, банкарскиот систем е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19%, што обезбедува солидна заштита во време на неизвесност.

Гувернерот се осврна и на ризиците поврзани со инфлацијата, кои главно доаѓаат од нестабилните цени на енергентите и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување. Народната банка, нагласи тој, внимателно ги следи случувањата и е подготвена да интервенира со сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста.

Дополнителна сигурност на економијата обезбедуваат и девизните резерви, кои на крајот на февруари достигнаа над 5,5 милијарди евра – ниво значително повисоко од 70% во однос на периодот пред пандемијата, обезбедувајќи силна поддршка за стабилноста на девизниот курс.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран