
Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со Министерство за внатрешни работи, постапува по сомнења за сторени кривични дела по чл. 361 од Кривичниот законик – „фалсификување на службена исправа“ и чл. 380 – „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Во рамките на истрагата, Основниот кривичен суд Скопје издал наредби за претрес, по што беа извршени претреси на две локации за обезбедување докази и утврдување на фактите поврзани со случајот, објави 4news.mk
Предметот е во предистрага и се уште во фаза на преземање дејствија, па повеќе детали не може да се споделат во моментов.























