УТРО.мк

Коњановски ги покани битолчани да ја дочекаат Новата година пред Офицерскиот дом

Коњановски ги покани битолчани да ја дочекаат Новата година пред Офицерскиот дом
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ги повика граѓаните да ја прослават Новата година заедно на платото пред Офицерскиот дом. Тој истакна дека снегот кој ја покри Битола во ноќта пред празникот го направи градот уште поубав и дека атмосферата на предновогодишната „Зимска приказна“ веќе донесе забава, музика и дружба на сите локации.

„Време е заедно да одбројуваме и да ја дочекаме новата година. А има ли поубаво место од епицентарот на забавата – платото пред величествениот Офицерски дом“, порача Коњановски.

Вечерната програма започнува во 20:30 часот со настапи на Борче Наумовски, претстави од „Кабаре за раѓањето и вечноста“ и „Баркод бенд“, а од 23:00 до 1:00 по полноќ сцената ќе ја заземе групата „Нокаут“.

Градоначалникот исто така ги поздрави традиционалните планинари кои на први јануари ќе го искачат врвот „Пелистер“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран