УТРО.мк

Една лиценца користена во 16 клубови: Кривична пријава против фирма од Кадино

Една лиценца користена во 16 клубови: Кривична пријава против фирма од Кадино
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Кадино, општина Илинден, како и против неговиот управител В.А. (53) од скопското село Мирковци, поради сомнение за злоупотреба на заштитени права и лиценци.

Како што информира полицијата, нерегуларностите биле откриени при контрола во подружница на фирмата во Тетово. При извршените проверки било утврдено дека софтверската лиценца со која располагал правниот субјект, наместо да биде користена на еден уред за кој била наменета, истовремено се појавувала и функционирала во вкупно 16 клубови на територијата на државата.

Според законските одредби, ваквата лиценца можела легално да биде инсталирана исклучиво на еден уред и не смеела да биде пренесувана или користена на повеќе локации. Со ваквото постапување, според СВР Тетово, е сторено кривичното дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран