УТРО.мк

Меџити: Завршена реконструкцијата на улицата „Струмичка“ во Чаир

Меџити: Завршена реконструкцијата на улицата „Струмичка“ во Чаир
Vero

Инвестициите во Општина Чаир продолжуваат со засилено темпо, а секојдневно се финализираат започнати проекти со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните. Денеска е завршен еден од позначајните проекти во Чаир, реконструкцијата на улицата „Струмичка“.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши теренска посета и увид на завршните работи, со цел да се гарантира квалитетна изведба и почитување на највисоките стандарди.

„Овој проект е дел од нашата континуирана заложба за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на секојдневието на жителите“, истакна Меџити.

Во наредниот период, како што најави градоначалникот, фокусот ќе биде насочен кон комплетирање на тротоарите, со што ќе се обезбеди целосна, функционална и безбедна инфраструктура за пешаците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран