
Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против сопственикот и управителот на угостителскиот објект „Јужна Пруга“ во Скопје, поради сомнение за кривично дело – симнување и оштетување на службен печат или знак.
Според обвинението, објектот бил затворен со решение на овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром, а на влезната врата била јасно истакната забрана за вршење на дејност. И покрај тоа, сопственикот го отстранил решението и продолжил со работа, при што инспекторите при контрола забележале дека во објектот се присутни гости и дека угостителската дејност се одвива како да забраната никогаш не постоела.



























