
Планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска ќе предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации низ Скопскиот регион, информираат од ЕВН „Македонија“ АД.
Најдолг прекин е најавен во утринските и пладневните часови во дел од селото Ќојлија, во Општина Петровец, каде што струја нема да има од 8 до 14 часот. Во истиот временски интервал, без електрична енергија ќе остане и дел од улицата „Веле Марков“ во Општина Ѓорче Петров.
Краткотрајни прекини се предвидени и во руралните средини. Од 8:30 до 9:30 часот струја ќе нема во селата Драчевица и Цветово, на подрачјето на Општина Студеничани, додека еден час подоцна, од 8:55 до 9:55, без напојување ќе бидат селата Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка во Општина Сопиште.
Во попладневните часови, од 12:30 до 14:30, прекин во испораката на електрична енергија е најавен и за делови од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Христо Татарчев“ во Општина Кисела Вода.



























