
Скопската Зоолошка градина објави дека гибоните Делфина и Мики, по долги и напорни напори на вработените, конечно се споени и учат да живеат заедно самостојно, без човечка помош.
Двата гибона беа отфрлени од мајката како бебиња и растени со 24/7 нега, љубов и посветеност. Во соработка со светски експерти и со ЗОО Перт, кои имале слично искуство, вработените успеале да создадат заедничко живеалиште каде Делфина и Мики се прифатија еден со друг.
„За овој значаен подвиг на целиот наш тим добивме пофалби од експертите со кои соработуваме“, велат од ЗОО Скопје.



























