
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави извршиле свој прв копнен напад врз Венецуела. Според Трамп, цел на акцијата бил објект од каде што наводно се испраќале бродови со дрога.
Во интервју за Fox News, претседателот изјави дека нападот се случил на Бадник и дека објектот бил „погоден многу силно“. Засега не е јасно за кој конкретен објект станува збор.
Доколку се потврди, ова би бил прв копнен напад врз венецуелска територија од почетокот на кампањата на Вашингтон за соборување на претседателот Николас Мадуро. Венецуелската влада сè уште не го потврди или демантира нападот.



























