Општина Битола со новогодишни пакетчиња и присуство на Дедо Мраз создаде предновогодишна атмосфера за децата сместени во петте оддели на Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца Битола.

Во домот беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им ги честиташе новогодишните празници на децата и на вработените, посакувајќи им здравје, радост и среќни празници.

Годинава, Општина Битола вкупно подели 400 новогодишни пакетчиња, кои беа донирани преку здруженија на граѓани и институции, со цел празниците да бидат поубави за што поголем број деца.



























