
Вчера вечер, околу 22:25 часот, Велес беше потресен од пожар кој избувна на ул. „Љубен Весов“, во непосредна близина на Спомен куќата на Кочо Рацин. На местото на настанот веднаш интервенираа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес.
Со две противпожарни возила и шестмина пожарникари, екипата се соочи со огнена стихија која веќе го зафатиле две патнички возила и една електрична бандера. Згора на тоа, улицата „Љубен Весов“ е густо населена, што го правеше ризикот уште поголем. Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на пожарникарите, пожарот беше ставен под контрола и не се прошири на соседните куќи, спречувајќи потенцијално голема материјална штета.



























