УТРО.мк

Мерц во новогодишна порака: Рускиот напад врз Украина е закана за цела Европа

Мерц во новогодишна порака: Рускиот напад врз Украина е закана за цела Европа
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во својата прва новогодишна порака предупреди дека руската војна во Украина не е изолирана, туку дел од поширок план насочен против цела Европа, и повика на единство, самодоверба и заштита на националните интереси.

По говорот на германскиот претседател на Бадник, за првпат како канцелар, Мерц се обрати директно на граѓаните, истакнувајќи дека Германија веќе поминала низ бројни кризи и од секоја излегла посилна. „Многумина ќе речат дека тоа не е доволно, и во право сте. Но, германската влада почна да работи“, нагласи Мерц, признавајќи дека темпото на реформите понекогаш е побавно од очекуваното.

Канцеларот ја оцени војната во Украина како непосредна закана за Европа. „Русија ја продолжува својата агресија против Украина со несмалена жестина. Украинците по четврти пат по ред ја дочекаа Новата година во најтешки околности. Сè појасно гледаме дека рускиот напад е дел од план насочен против цела Европа. Германија секојдневно е изложена на саботажи, шпионажа и кибернапади“, рече Мерц. Тој истакна дека Владата работи на зајакнување на безбедноста на земјата и повика на самостојна одбрана на националните интереси.

Во говорот, Мерц ја подвлече историската улога на Германија како земја што од кризите излегува посилна и со обединет народ. Тој ги повика граѓаните да не се водат од страв, туку од доверба во сопствените сили и демократските процеси, потенцирајќи дека само со активна партиципација можат да се постигнат резултати.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран