УТРО.мк

Пацификот прв ја пречека 2026, Европа во исчекување на Новата година

Пацификот прв ја пречека 2026, Европа во исчекување на Новата година
Vero

Пацифичкиот регион веќе влезе во Новата 2026 година, додека Европа ги одбројува последните часови до новиот почеток. Нов Зеланд традиционално беше меѓу првите земји во светот што ја дочека Новата година, со организирани огномети и јавни прослави низ целата земја.

Во Окленд, најголемиот град и првиот поголем светски град што ја пречека 2026 година, главните знаменитости беа осветлени во празничен дух. На кулата „Скај Тауер“ беа проектирани фотографии од „посебни моменти“ испратени од граѓаните во текот на 2025 година, како симболичен осврт на изминатата година.

Одбројувањето започна на мостот „Окленд Харбор Бриџ“, по што следеше спектакуларен огномет од „Скај Тауер“, кој го осветли небото над градот.

И главниот град Велингтон организираше огномет и музичка програма во централното градско подрачје, со присуство на голем број граѓани и туристи. Новата година во поголемиот дел од Нов Зеланд настапи во 12:00 часот по македонско време, додека жителите на Четемските Острови ја дочекаа 2026 година 45 минути порано.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран