УТРО.мк

ВИДЕО – Празнична порака од Коњановски: Радост, светлина и големи проекти за Битола

ВИДЕО – Празнична порака од Коњановски: Радост, светлина и големи проекти за Битола
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во својата новогодишна честитка им се обрати на сограѓаните, истакнувајќи ја магијата на празничните денови и значењето на заедништвото.

„Има ли поубава радост, поубава приказна од новогодишните празници. А таа празнична магија веќе ги исполнува нашите срца и домови и не зближува со најблиските, пријателите и соработниците“, рече Коњановски.

Тој посочи дека старите достигнувања и предизвици од изминатата година се искористени за подобрување на градот, со вложувања во инфраструктурата, образованието, културата и спортот. „Верувам дека така ќе биде и во следната година, година на реализација на големи проекти“, додаде градоначалникот.

Коњановски ја нагласи и празничната програма „Зимска приказна“, која, според него, ја обединуваше целата заедница, привлече туристи и внесе топлина и радост во градот.

„Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите гости. Убавината на промените ја создаваме заедно, со меѓусебно почитување, разбирање и поддршка“, порача Коњановски.

Тој ги повика граѓаните да празнуваат со радост во кругот на семејствата и им посака среќна и бериќетна Нова година и Божиќни празници.

Видеото може да го погледнете тука 

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран