УТРО.мк

Николоски: По повеќе од шест децении легализиран Охридскиот аеродром

Николоски: По повеќе од шест децении легализиран Охридскиот аеродром
Vero

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 1970-тите години, конечно е легализиран и впишан во катастар, со што овој стратешки објект за првпат доби имотен лист. Веста ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.

Како што информира Николоски, во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, во соработка со Катастарот, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други државни институции, интензивно работеа на конечно решавање на имотно-правниот статус на аеродромот.

Тој посочи дека иако ваквата постапка во нормални околности не би претставувала вест, поради долгогодишната негрижа и запоставување на државниот капитал, легализацијата на Охридскиот аеродром е значаен чекор.

Во наредниот период, според најавите, ќе следува модернизација и реконструкција на аеродромот со цел унапредување на инфраструктурата и привлекување нови туристи во охридскиот регион.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран