УТРО.мк

Гувернерот Славески најавува брз економски раст во 2026: Цените и девизниот курс остануваат стабилни

Гувернерот Славески најавува брз економски раст во 2026: Цените и девизниот курс остануваат стабилни
Vero
trajko slaveski
trajko slaveski

Народната банка очекува следната година да донесе забрзување на економскиот раст, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во разговорот за подкастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на „Банкарство.мк“. Според него, главните двигатели на растот ќе бидат планираните инфраструктурни проекти и зголемената приватна потрошувачка, што треба да ја поттикне домашната економска активност.

„Наш приоритет останува макроекономската стабилност – сигурен темел за одржлив раст. Верувам дека 2026 година ќе биде подобра од изминатите години“, нагласи Славески. Тој додаде дека Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на девизниот курс и инфлацијата, со цел да се зачува куповната моќ на граѓаните.

Гувернерот, сепак, предупреди дека ризиците не се отстраниле. Геополитичката неизвесност, особено конфликтот во Украина, санкциите, растот на воените буџети во Европа и трговските односи меѓу големите економски сили како САД и Кина, може да влијаат на економските текови.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран