
Државниот пазарен инспекторат во текот на декември спроведе обемна акција за контрола на угостителските објекти на територијата на целата држава, со акцент на почитувањето на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Според официјалниот биланс, инспекторите извршиле вкупно 542 надзори, при што биле издадени 96 прекршочни налози во вкупна вредност од 2.823.870 денари, односно околу 45 илјади евра. Поради утврдени неправилности, на 26 угостителски објекти им била изречена мерка забрана за вршење дејност.



























