УТРО.мк

Договор за градба завршил со измама: жител на Македонски Брод оштетен за 43.000 евра

Договор за градба завршил со измама: жител на Македонски Брод оштетен за 43.000 евра
Vero
pari
pari

45-годишен жител на Македонски Брод пријавил во полиција дека бил жртва на измама во која бил оштетен за сума од 43.000 евра. Случајот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 17 часот во ОВР Македонски Брод.

Според пријавеното, во октомври годинава тој се договорил со лице од село Сарај, скопско, за извршување градежни работи во неговата семејна куќа во Македонски Брод и во уште еден објект во село во истата општина. Во текот на договорот, оштетениот во повеќе наврати му исплаќал пари на изведувачот.

По последната исплата, лицето престанало да одговара на телефонските повици, избегнувало контакт, не ги завршило договорените работи и не ја вратило примeната сума. Откако сфатил дека е измамен, случајот бил пријавен во полиција.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран