Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати искрени честитки до сограѓаните по повод Новата година и Божикните празници. Во своето обраќање, тој посака добро здравје, мир, љубов и благосостојба во домовите на граѓаните.
„Годината што ја испраќаме беше исполнета со предизвици, но и со многу успеси, соработки и солидарност. Благодарение на вашата поддршка, трпение и активност, продолживме да работиме во интерес на граѓаните и на развојот на нашата општина“, истакна Тоневски.
Тој додаде дека Новата година нека донесе повеќе можности и уште поголема меѓусебна доверба, а како локална самоуправа остануваат посветени на транспарентна, чесна и одговорна работа со цел подобар живот за сите граѓани на Пробиштип.
„Божикните празници нека нè потсетат на вистинските вредности: хуманост, разбирање, сплотеност и грижа за блиските. Да ги споделиме радоста и надежта, особено со оние на кои им е најпотребна“, порача Тоневски.
Градоначалникот им посака на сите среќна и успешна Нова година и честит Божик, исполнети со здравје, радост и семејна топлина.



























