УТРО.мк

Коњановски: Битола добива современа велосипедска инфраструктура

Коњановски: Битола добива современа велосипедска инфраструктура
Vero

Битола започна ново поглавје во развојот на урбаната мобилност – со обележување на нови велосипедски патеки на главните градски улици. Градоначалникот Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски, и претставници од Oдделението за комунални дејности, синоќа извршија увид во теренските активности на улицата „Васко Карангелевски“, каде започна реализацијата на проектот.

„Ова е прв значаен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија за одржлив транспорт и урбана мобилност во Битола. Граѓаните со години бараа подобри услови за возење велосипед, а денес, со сопствени средства од буџетот, тоа станува реалност“, изјави Коњановски.

Во оваа фаза, патеката се обележува на десната страна од улицата, на потегот од кружниот тек кај Педагошкиот факултет до кружниот тек кај „Веро“. Работите се изведуваат во вечерните часови со цел да не се попречува сообраќајот. Паралелно, продолжува и реконструкцијата на тротоарите и велосипедските патеки на улицата „Партизанска“.

Проектот опфаќа изградба и обележување на велосипедска инфраструктура во вкупна должина од над 5 километри. Целта е да се овозможи безбедно движење на велосипедистите, да се намали сообраќајниот метеж и загадувањето, како и да се унапреди квалитетот на живот во градот.

Со оваа иницијатива, Битола се позиционира како град што вложува во одржлив и здрав начин на живот, при што велосипедистите и пешаците добиваат заслужено внимание во урбаното планирање.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран