УТРО.мк

Трамп: „Погодени се десетпати посилно отколку што очекуваа“

Трамп: „Погодени се десетпати посилно отколку што очекуваа“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за телевизијата „Фокс њуз“, изјави дека Иранците биле погодени „десетпати посилно отколку што очекувале“, алудирајќи на последните воздушни напади на Израел врз ирански цели.

„Не беа подготвени за преговори. Мислам дека сега можеби се. Ќе видиме“, изјави Трамп, осврнувајќи се на можната иднина на иранската нуклеарна програма.

Според информации на високи американски претставници за „Фокс њуз“, цели на изненадните воздушни напади извршени во петокот биле повеќе истакнати ирански нуклеарни научници и воени команданти.

Нападите се случуваат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, а изјавите на Трамп доаѓаат во момент кога меѓународната заедница со загриженост го следи развојот на иранската нуклеарна програма и евентуалните можности за враќање на преговарачката маса.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран