
Врз основа на Одлуката за формирање на Совет за поддршка на женско претприемништво на Општина Битола, Советот на Општина Битола објавува јавен повик за членови на Советот за женско претприемништво на Општина Битола.
Советот за женско претприемништво на Општина Битола е советодавно работно тело на Советот на Општина Битола, основан со цел да работи на економско зајакнување на жените преку претприемништво. Советот за женско претприемништво на Општина Битола брои 21 членови.
Целта на Советот за женско претприемништво на Општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачи во Општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања поврзани со женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените како и економско зајакнување на жените.
Рокот за доставување на предлозите за кандидати е 5 работни денови, започнувајќи од 02.03.2026 година и ќе трае заклучно со 06.03.2026 година.
Условите и потребната документација на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/zensko-pretpriemnishtvo/























