УТРО.мк

Комуналец Прилеп: Продолжува темелното чистење низ градот

Комуналец Прилеп: Продолжува темелното чистење низ градот
Vero

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информира дека во изминатиот период е извршено комплетно и темелно чистење на улицата „Тризла“, во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена.

Со подобрувањето на временските услови и повисоките температури, екипите на претпријатието пристапија кон расчистување на водоводните шахти и сливниците, при што се отстранети насобраните наноси од песок и мил. Дополнително, извршено е и миење на улицата со цел подобрување на хигиената и условите за движење.

Од „Комуналец“ најавуваат дека согласно планот за работа, во координација со ЈКП „Водовод и канализација“, ќе продолжат со етапно и комплетно чистење на најфреквентните сообраќајници во градот.

Воедно, од претпријатието апелираат до граѓаните да дадат свој придонес во одржувањето на чистотата во општината, со цел создавање почиста и поздрава животна средина за сите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран