УТРО.мк

Битола во боите на поддршката: Одбележан Меѓународниот ден на лицата со ретки болести

Битола во боите на поддршката: Одбележан Меѓународниот ден на лицата со ретки болести
Vero

Во Битола, 28 февруари беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со ретки болести, преку низа активности насочени кон подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат овие граѓани.

Во знак на поддршка, синоќа Саат кула и зградата на Општина Битола беа осветлени во симболични бои кои испраќаат порака за солидарност и поддршка за лицата со ретки болести и нивните семејства.

Во текот на месецот, беа реализирани повеќе активности со цел да се зголеми јавната свест и да се потенцира потребата од поголема институционална и општествена грижа.

Дополнително, Општина Битола деновиве објави јавен повик за поддршка на лицата со ретки болести, кој опфаќа покривање на патни трошоци до здравствени установи надвор од градот, како и финансиска помош за лица кои се наоѓаат во тешка социјална и здравствена состојба.

Од локалната самоуправа посочуваат дека со ваквите мерки се настојува да се олесни секојдневието на лицата со ретки болести и да се обезбеди поголема грижа и поддршка за нивната интеграција во општеството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран