УТРО.мк

УАПСЕН АЦО ЃУКАНОВИЌ: Братот на Мило Ѓукановиќ приведен по претреси во Подгорица и Никшиќ

УАПСЕН АЦО ЃУКАНОВИЌ: Братот на Мило Ѓукановиќ приведен по претреси во Подгорица и Никшиќ
Vero

Црногорската полиција го уапси бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по вчерашните претреси на неговиот имот во Подгорица и Никшиќ.


Претходно, силни полициски сили ја опколија зградата во центарот на Подгорица каде што живее Ѓукановиќ, во која се наоѓа и филијала на Прва банка, каде тој е мнозински сопственик.


Потоа инспекторите извршија претрес и во семејната куќа во никшиќката населба Растоци. Според неофицијални информации, при акцијата биле пронајдени оружје и полициска опрема, по што следувало приведувањето.


Акцијата се спроведува по налог на Основното државно обвинителство во Подгорица, а дел од улиците околу објектите беа затворени за сообраќај.


Ацо Ѓукановиќ важи за еден од најбогатите бизнисмени во Црна Гора и долгогодишен сопственик на Прва банка, која во минатото беше предмет на бројни истраги и контроверзии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран