УТРО.мк

Полиција на терен во Подгорица: Се претресува имот на братот на Мило Ѓукановиќ

Полиција на терен во Подгорица: Се претресува имот на братот на Мило Ѓукановиќ
Vero

Црногорската полиција извршува претрес на имот во центарот на Подгорица кој му припаѓа на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за објект во кој се наоѓа и филијала на Прва банка, финансиска институција во сопственост на Ацо Ѓукановиќ. Засега нема официјални информации за причините за полициската акција, ниту за тоа дали таа е поврзана со конкретна истрага.

Ацо Ѓукановиќ важи за еден од најбогатите луѓе во Црна Гора. Во 2006 година ги купи акциите на Никшиќка банка, која една година подоцна беше преименувана во Прва банка. Неговото богатство се проценува на повеќе стотици милиони евра.

Покрај банкарскиот сектор, тој поседува и други компании кои некогаш биле во државна сопственост, а процесот на нивна приватизација се одвивал во периодот кога неговиот брат беше на власт.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран