УТРО.мк

Протестен „Блокадафест“ пред цементарницата „Усје“: Граѓаните бараат чист воздух и дислокација на фабриката

Протестен „Блокадафест“ пред цементарницата „Усје“: Граѓаните бараат чист воздух и дислокација на фабриката
Vero

Стотици граѓани вечерва учествуваа на протестната блокада пред цементарницата „Усје“ во Скопје, организирана под името „Блокадафест“ од граѓанското движење „Стоп за Усје“.

Осумчасовниот настан се одвиваше со музичка програма, настапи на бендови и диџеи, а демонстрантите го блокираа влезот на фабриката, испраќајќи порака дека, како што велат, отпорот може да биде „гласен, солидарен и креативен“.

Протестот се одржа под мотото „Без Усје полесно се дише“, при што граѓаните повторно го истакнаа барањето цементарницата да се премести надвор од урбаната средина, оценувајќи ја како еден од најголемите загадувачи во градот.

„Кога зборуваме за загадување, често слушаме за бројки, извештаи и дозволени граници, но зад тие бројки стојат луѓе. Постојат болни деца кои кашлаат ноќе, родители кои се плашат за нивното здравје, луѓе кои секоја зима се соочуваат со нова борба. Воздухот не треба да биде луксуз“, порача една од говорничките на настанот.

Од друга страна, од компанијата „Титан Усје“ претходно соопштија дека повеќе од седум децении работат како одговорна компанија и ги почитуваат сите законски обврски. Според нив, емисиите на прав и гасови се следат 24 часа преку независен мониторинг, при што, како што велат, досега не биле утврдени надминувања на дозволените граници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран