УТРО.мк

Скопска општина нуди субвенции за вградување на гас и метан во возилата

Скопска општина нуди субвенции за вградување на гас и метан во возилата
Vero

Општина Гази Баба го отвора патот кон поеколошка мобилност со нова можност за граѓаните. секое семејство може да добие финансиска поддршка за инсталација на уреди за течен гас, метан или други алтернативни горива во своето возило.

Финансиската поддршка важи за едно возило по семејство, а Општината ќе покрие до 50% од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари. Право на аплицирање имаат само сопствениците на возила произведени по 1 јануари 2007 година.

За да се вклучат во програмата, граѓаните треба да поднесат барање и соодветна документација во затворен плик до Општината. Барањата ќе се обработуваат според принципот „прв дојден, прв услужен“, што значи дека кој побрзо аплицира, тој ќе добие субвенција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран