УТРО.мк

Општина во Скопје, за младите од 18 до 25 години, нуди субвенции до 10.000 денари за возачки испит

Општина во Скопје, за младите од 18 до 25 години, нуди субвенции до 10.000 денари за возачки испит
Vero

Општина Ѓорче Петров воведува нова финансиска поддршка за младите – субвенција од 10.000 денари за полагање на возачки испит од Б категорија, наменета за граѓани на возраст од 18 до 25 години. Ова е прва ваква иницијатива во општината, која има за цел да ги олесни трошоците за обука и полагање, кои често претставуваат значителен товар за семејниот буџет.

„Со оваа иницијатива сакаме да го олесниме пристапот на младите до мобилност и самостојност, но и да им помогнеме да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Покрај субвенцијата за возачкиот испит, Општина Ѓорче Петров работи на проект за нова станбена населба наменета за млади семејства. Во рамки на овој проект, предвидени се мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки, со цел младите да добијат реална можност да ја градат својата иднина во локалната заедница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран