
Автопатот А3 на релацијата Охрид–Прилеп останува блокиран кај битолската обиколница поради одронување на карпа. Екипите на ЈП „Македонија Пат“ се на терен и со тешка механизација активно работат на расчистување на коловозот.
Од патната служба информираат дека се извлекува дел од искршената карпа и наталоженото земјиште меѓу патот и бетонскиот потпорен ѕид. Очекувањата се дека работите ќе завршат во наредните 2 до 3 часа, по што сообраќајот на обиколницата повторно ќе биде во функција од околу 15 часот.























