УТРО.мк

Тетово под посебен сообраќаен режим утре

Тетово под посебен сообраќаен режим утре
Vero

Утре во Тетово ќе бидат воведени привремени безбедносни мерки и ограничувања во сообраќајот по повод официјалната посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Општинските власти и СВР Тетово апелираат до граѓаните да го почитуваат новиот режим и да избегнуваат паркирање на неколку клучни улици во градот.

Општина Тетово апелира до возачите да не оставаат возила на клучните сообраќајници во централното подрачје, вклучувајќи го булеварот „Маршал Тито“ од почетокот до кружниот тек кај пазарот со булевар „Благоја Тоска“, булеварот „Благоја Тоска“ од кружниот тек до зградата на општината, улиците „ЈНА“ (позната и како „Дервиш Цара“), „Илинденска“ од Основниот суд до Универзитетот на Југоисточна Европа, „Киро Ристоски-Дрнц“ до Арабати Баба Теќе, како и „ВонВардарска“ и „172“. Возилата што ќе бидат паркирани на забранети места ќе бидат отстранети од службите.

СВР Тетово предупредува дека сите учесници во сообраќајот треба строго да ги почитуваат наредбите и упатствата од полициските службеници. Патната полиција од Тетово и Гостивар ќе го регулира сообраќајот во поширокото централно подрачје на двата града, со цел да се обезбеди безбедно движење на граѓаните и непречено одвивање на посетата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран