
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа ја пресече обидот за криумчарење на скоро 5.000 пакувања никотински ќесички, вредни околу 1,2 милиони денари. Мобилен царински тим го запрел возилото веднаш по премин преку граничниот пункт Табановце, во внатрешноста на државата, и при проверката пронашол 4.752 пакувања со никотин и дополнителни 48 пакувања снус – производи што содржат никотин и тутун.
Лицето кое се обидело да ја внесе нелегалната стока е приведено и е во рацете на истражните инспектори. Стоката и возилото се запленети, а Царинската управа нагласува дека со брзата акција е спречено нелегално пласирање на производите на домашниот пазар.
Инспекторите исто така утврдиле дека пакувањата требало да завршат кај лице за кое минатата година веќе е поднесена кривична пријава за прикривање стоки од криумчарење, нелегални цигари без акцизни маркички и царинска измама.























