УТРО.мк

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур
Vero

Европскиот суд за човекови права донесе значајна одлука по случајот „Фитим Муслиу против Северна Македонија“, потврдувајќи системски проблеми во третманот на осудени лица во македонските затвори. Одлуката е донесена вчера, врз основа на унилатерална декларација поднесена од Владата на 30 август 2022 година, со која таа го призна фактот на повреда на правата на апликантот заштитени со член 3 од Европската конвенција за човекови права.

Случајот се однесува на инцидент од 3 август 2020 година, кога Муслиу бил физички нападнат од полицаец во затворот „Идризово“ пред кантината, при што претрпел телесни повреди. Најавената кривична пријава против командирот на затворската полиција за мачење, малтретирање и дискриминација беше отфрлена, а Вишото јавно обвинителство го потврди тоа решение, оставајќи го апликантот без домашна правна заштита.

Пред Судот во Стразбур, Муслиу тврдел дека бил изложен на нечовечко постапување и дека властите не спровеле ефективна истрага за настанот. Владата, пак, во својата унилатерална декларација, го признала прекршувањето на неговите права, но не ги конкретизирала мерките за спречување на слични случаи во иднина, ниту пак предложила активности за надминување на структурните проблеми во затворскиот систем.

Судот потсети дека признанието на државата не ја ослободува од обврската да спроведе детална и ефективна истрага. Одлуката ја истакнува долготрајната слабост на македонските институции во откривање и санкционирање на случаи на тортура и нечовечко постапување со осудени лица, кои се особено ранливи бидејќи се целосно зависни од контролата на властите.

Од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права нагласуваат дека државата мора итно да преземе конкретни мерки за истрага и санкционирање на одговорните лица, со цел да се заштити физичката благосостојба на луѓето лишени од слобода.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран