УТРО.мк

Менкиноски во „24 Анализа“: Предметот „Кочани“ ќе биде неуспешен, правосудството не смее да се потпира на колективна одговорност

Менкиноски во „24 Анализа“: Предметот „Кочани“ ќе биде неуспешен, правосудството не смее да се потпира на колективна одговорност
Vero

Адвокатот Тони Менкиноски, во своето гостување во емисијата „24 Анализа“, изјави дека судскиот предмет познат во јавноста како „случајот Кочани“ е осуден на неуспех. Дебатирајќи за слабостите во правосудниот систем и текот на големите судски процеси, тој истакна дека правосудството мора да ја лоцира индивидуалната одговорност, наместо да конструира масовни предмети.


Дискусијата за овој случај беше иницирана од страна на новинарката, која направи паралела помеѓу актуелните случувања со Артан Груби и случаите „27-ми април“ и „Кочани“. Таа посочи дека кај овие предмети се забележува тенденција на колективно обвинување, истакнувајќи:


„…повторно како и во случајот со 27ми април и Кочани случајот некако како колективната а како да кажам колективни колективното посечување како да кажам на вина некако како да сака да ја извлече а извлече на страна одговорноста поединечната индивидуалната одговорност“.


Одговарајќи на оваа констатација, Менкиноски најпрво нагласи дека случајот „27-ми април“ треба да се издвои од останатите предмети бидејќи очекува негова поинаква завршница:


„…немој да ме сфатите погрешно 27ми април не би го ставил во корпусот со Груби и со Кочани бидејќи според мене 27ми април тој предмет ќе падне за брзо…“.


Во однос на самиот предмет „Кочани“, Менкиноски ваквите судења ги окарактеризира како „конгломератски предмети“. Според неговото стручно мислење, за правосудниот систем би било многу подобро и поефикасно доколку се воделе повеќе помали случаи каде што конкретно би се знаело кој е виновен, наместо да се создава еден голем предмет:


„А кога зборуваме за вакви конгломератски предмети како ш овај јас мислам дека не само јас и целокупната моја фела смета дека предметот за Кочани дека ќе е неуспешен бидејќи не можете вие да колективна одговорност треба да ја лоцирате точно одговорноста подобро да имаше повеќе помали случаеви каде што конкретно ќе се знаеше отколку вака вака овој предмет како змис кого ќе се влече…“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран