
Полската влада се подготвува да воведе строга контрола врз користењето на социјалните мрежи од страна на децата, планирајќи забрана за сите корисници под 15 години. Министерката за образование, Барбара Новака, потврди дека платформите ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраст, а прекршителите ќе се соочат со финансиски казни.
Според Новака, предлог-законот, кој е иницијатива на владејачката Граѓанска коалиција, би можел да стапи на сила почетокот на 2027 година. Целта е да се заштити менталното здравје на младите и да се сопре трендот на намалена интелектуална компетентност меѓу децата, нагласува министерката, додека деталите за висината на казните сè уште се во фаза на усогласување.
Идејата на Полска не е изолирана. Неколку европски држави, меѓу кои Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, веќе размислуваат за слични мерки. Причината е растечкото загрижување дека платформите за социјални медиуми можат да предизвикаат зависност и психолошки проблеми кај помладите корисници. Во Австралија веќе беа воведени слични забрани, а Велика Британија најави разгледување ограничувања за заштита на децата на интернет.























